Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.865 тестирања, а регистрирани се 627 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Битола се 66.
Регистрирани се 765 оздравени пациенти од Битола се 50.
На клиничка болница хоспитализирани на Инфективно, Физикална и модуларната болница се 124 пациенти.
Досега во Битола има 5.878 лица кои биле или позитивни на ковид-19, а активни се 1.225 случаи.
Пријавени се вкупно 47 починати лица, а од Битола се две лица на 53 и 73 години во болнички услови.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 66, а преку болница “Плодност“ 62 ковид тестови., Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 778.






