По примерот со спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје и во Битола ќе се врши имунизација, односно масовна вакцинација против ковид-19, а оттука ќе се покриваат околните градови.
Во Битола имунизацијата ќе се врши во спортската сала на средното медицинско училиште “Д-р Јован Калаузи“, каде веќе се во тек подготовките и опремување на салата за масовно вакцинирање, а тоа денес го потврди и градоначалничката Наташа Петровска.
-Општина Битола ги презеде сите чекори, кои ги има добиено како инструкции. Нашиот центар за имунизација ќе биде во спортската сала на медицинското училиште. Преземени се сите почетни чекори, сите консултации за создравање услови, конструкции на параваните, набавка на компјутерска техника и се она што како задолженија го прифативме. Сакавме како општина да ги реализираме и на тој начин да придонесеме за тој процес што побрзо и поуспешно да биде реализиран. Активносите се започнати уште изминатата недела, а кога ќе започне имунизацијата не зависи само од тоа, туку и од тоа како ќе биде организан медицинскиот персонал. За многу набрзо масовната имунизација ќе имаме во нашиот регион, рече градоначалничката на Битола Наташа Петровска.






