Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 603 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Битола се 38.
Регистрирани се 641 оздравени пациенти од кои од Битола се 38.
Во Битола до сега има 5.916 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 1.224 случаи.
Бројот на хоспитализирани пациенти во регионалниот Ковид центар во Битола, на Инфективно, на Физикална и во модуларната болница е 129 пациенти кои се позитивни или суспектни на ковид-19.
Пријавени се вкупно 39 починати лица, а едно лице е од Битола на возраст од 74 години.
Направени се и преку ЦЈЗ Битола 80 и преку болница “Плодност“ 32 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 700.728 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 149.221, бројката на оздравени пациенти е 126.234, на починати е 4.595, а бројот на активни случаи изнесува 18.392.






