Со одигрувањето на натпреварите во баскет и поединечно во турнирот во пикадо започнаа спортките активности на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола, по повод денот на основањето 25 април, а со тоа и свеченостите за одбележување на јубилејот.
Вчера во спортската сала “Павел Шатев“ во Битола на УКЛО паралелно се одржаа турнири во баскет и пикадо, со учество на сите студенти кои имаат активен статус на УКЛО.
-Натпреварите поминаа одлично, а екипите во баскет и пикадо покажаа квалитет, а на крајот најдобрите добија пехари и медали, рече Марјан Љамчевски, одговорен за спорт при УКЛО.
Утре со почеток во 11 часот во спортската сала “Павел Шатев“ во Битола ќе се одржи мини ревијален турнир во ракомет помеѓу машките ракометни екипи на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитетот “Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
По завршувањето на натпреварите, на заеднички ручек, Ректорот ќе им додели благодарници на гостите од Скопје и Штип за нивното учество и вклучување во чествувањата.






