Press "Enter" to skip to content

Работно прославен роденденот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ (фотогалерија)

Денес во хотелот “Капри“ во Битола завршија активностите за прослава на годишнината од основањето, 25 април 1979 година на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО). Завршната актовност беше одбележа со “Win-Win”-Форум, на кој фокус тема беше соработката на Универзитетот со работодавачите кон поквалитетни и поатрактивни студиски програми.На прославата и форумот покрај раководството на УКЛО и предавачите присутни беа сите декани од факултетите од УКЛО, градоначалничката на Битола м-р Наташа Петровска, градоначалникот на Прилеп,  познатиот адвокат битолчанецот Тома Фила, академски граѓани и други гости.Уводен говор пред започнувањето на форумот одржа ректорот на УКЛО-Битола, Сашо Коруновски, кој нагласи дека форумот е форма со која излегувале од досегашната стереотипна форма на прославување на денот на основањето на УКЛО и рече:-Ние ги отстрануваме предрасудите на академската заедница, отворено влегуваме во активности кои се за доброто на студентите и на бизнисот, но пред се на Универзитетот кој може да влезе во систем на редефинирање на студиските програми. Соработката со бизнис заедницата е континуирана, а првпат и на највисоко ниво, истакна ректорот Коруновски.Врската меѓу бизнис заедницата и Универзитетот во овој момент е доминантен проблем. Испорачувањето на кадри за бизнисот и можноста да се оствари повисока стапка на раст е многу важна, нагласи претседателот на Стопанската комора на Македонија (СКМ), Бранко Азески на форумот во Битола.-Според анкетите во СКМ и контактите со фирмите ова е најгорливиот проблем кој се чувствува на три нивоа, и тоа во однос на испорачувањето на кадри потребни за стопанството, во делот на менаџерскиот, но и на сопственичкиот кадар кој е без искуство. Во вистинско време разговараме за овие проблеми, а нашите проекции и предлози се воведување на дуално образование на пониските нивоа и интензивна соработка со високообразовните нивоа, истакна претседателот на СКМ, Бранко Азески.На форумот „WIN-WIN“ со свои излагања настапија и Глигор Бишев од Шпаркасе Банка, како и Симон Наумоски, претседател на одборот на директори на прехранбената индустрија „Витаминка“-Прилеп.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »