Press "Enter" to skip to content

На првиот летен ден во Битола 35 степени, утре уште потопло

Температурата на воздухот денеска во Демир Капија се искачи на 37 степени, а во Тетово, Струмица, Скопје, кај Зајчев Рид и во Гевгелија се регистрирани 36 степени Целзиусови.  Според мерењата на УХМР, во Битола и Штип максималната температура била 35, во Прилеп и Виница – 34, Маврови Анови, Охрид и Претор – 32, Крива Паланка – 31, Берово – 30, Крушево -28 и 26 во Лазарополе.

УХМР најавува дека до крајот на денот и на почетокот на вечерта на североисток и исток ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Во ноќните часови ќе настапи стабилизирање на времето.

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност, минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »