Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: “цитроен“ запален во движење, одделечување од дом, сообраќајни контроли

На 22.06.2021 во СВР Битола, Ф.Т. (23) од Битола, пријавил дека кај с.Раштани, додека го управувал своето патничко моторно возило „цитроен” со битолски регистарски ознаки, настанал пожар во возилото. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 22.06.2021 во СВР Битола, Е.А. (39) од Битола пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка на 17 годишна возраст. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 22.06.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека пет возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 19 возачи управувале возило без возачка дозвола, пет возила биле со измината регистрација, 12 возачи разговарале на мобилен телефон, еден возач управувал возило под дејство на алкохол и бил исклучен од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »