На најдобрo дипломираните студенти на инженерските факултети, Претседателот Стево Пендаровски им го додели признанието Инженерски прстен. Меѓу 12-те добитници на ова високо признание е дипломираната студентка од Техничкиот факултет од Битола, Марија Наумоска, која своето образование го заврши со просечна оценка 9,95.
Настанот се одржа во Кабинетот на Претседателот Пендаровски, кој воедно е покровител на оваа манифестација што се одржа по 18 пат, во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и инженери.
Доделувањето Инженерски прстен освен признание за најдобро дипломираните студенти од инженерските факултети претставува и своевиден поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји.

Инженерски прстен за Марија Наумовска од Технички факултет од Битола за просек 9,95
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Злато за Леа Бошеска и Сара Стојановска, бронза за Леона Алиловска во кик-бокс на “Трофеј на Белград“
- Општина Битола петта година по ред го организира Буџетскиот форум за креирањето на Буџетот, овој пат за 2027
- Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола





