Денес, четврток, 1 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од западен правец. Температурата во Битола до 36 степени. УВ=9.
Утре, петок, 2 јули, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 33 степени. УВ=8






