Денес, вторник, 6 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата до 33 степени.
Утре, среда, 7 јули, во Битола, времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата до 37 степени. УВ=9.






