Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.743 тестирање, а регистрирани се 9 нови случаи на КОВИД-19, а во нив нема од Битола.
Регистрирани се 10 оздравени пациенти, нема од Битола.
Не се регистрирани починати пациенти.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 40 и преку “Плодност“ 18 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 897.647 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.741, бројката на оздравени пациенти е 150.114, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 141.






