Утрово на локалниот пат Битола-Новаци, во непосредна близина на селото Логоварди се случила тешка сообраќајна незгода, односно директен судир на две патнички моторни возила.
Во директен судир на две моторни возила, има едно загинато лице, а животот го загубил жител на селото Логоварди.
На местото на несреќата на патот Битола-Новаци е извршен увид, а истрагата, која е во тек, ќе треба да ги утврди причините за несреќата.






