Претседатлот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски за денес со почеток во 12 часот ја закажа 79. седница на Советот на Општина Битола, на која е предложено да има само една точка на Дневниот ред.
Седницата ќе се одржи во салата за седници на Советот, а ќе се расправа и донеде одлука за дополнување на Одлуката за давање согласност на Договорот за доделување на финансиски средства на акционерските спортски друштва Бр.09-65/3 од 17.07.2020 година, односно за доделување на, колку што беше неофицијално соопштено, 2 милиони денари за фудбалскиот клуб Пелистер.






