Денес, кога православните верници го празнуваат споменот на Светата Великомаченица Киријакија (Недела), Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, заедно во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, протоереите Златко Костовски, Пенчо Пусоски, Љупчо Атанасов, протоѓаконот Драган Ѓоргиевски и ѓаконот Александар Маргулевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Света Великомаченица Недела, во Битола.
-Мојот живот, е да умирам за Христа мојот Бог и Спасител, вака говорела Светата Великомаченица Недела, на која денес споменот и го празнуваме и на која е посветен овој свет храм во Битола. Света Недела, е светителка, која е измолена од Бога со горешти молитви од нејзините родители Доротеј и Евсевија. Родена е во Никомидија, и уште како дете била воспитана во нашата Света Православна Вера. Била прекрасна по својата телесна убавина, а уште поубава со нејзината духовна убавина. Света Недела растела и се воздигнала на светителски степен. Ете, оваа млада и прекрасна девојка, по која копнееле многу момчиња, кои сакале да ја земат за жена, рекла дека има само еден жених, а тоа е Христос нашиот Бог и Спасител, за Кого вели дека нејзиниот живот, е да умре за Него, за Христа нашиот Бог и Спасител, рече Владиката Петар.

Фото вест: одбележан денот, споменот, на Св. Недела во црквата “Св. Недела“ во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Злато за Леа Бошеска и Сара Стојановска, бронза за Леона Алиловска во кик-бокс на “Трофеј на Белград“
- Општина Битола петта година по ред го организира Буџетскиот форум за креирањето на Буџетот, овој пат за 2027
- Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола





