Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.550 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на КОВИД-19, нема од Битола.
Регистрирани сe 6 оздравени пациенти, нема од Битола, а бројот на активни случаи останува 2.
Не се регистрирани починати лица.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 40 и преку “Плодност“ 23 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 935.282 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.965, бројката на оздравени пациенти е 150.243, на починати е 5.488, а бројот на активни случаи изнесува 234.






