По повеќе од една година, Битола денес нема ниту едно лице кои е позитивно на ковод-19, по последните извештаи дека се оздравени и двете лица кои се водеа како активни случаи, односно сите лица се водат како оздравени пациенти. До сега, од започнување на ковид-19 кризата во Битола има 6.310 лица кои беа позитивни на ковид-19.
Инаку, министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.569 тестирања, а регистрирани се 36 нови случаи, а во нив нема од Битола.
Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од Битола се 2.
Не се регистрирани починати пациенти.
Направени се ЦЈЗ Битола 47 и преку “Плодност“ 22 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 944.747 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.017, бројката на оздравени пациенти е 150.263, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 265.






