Денес во Битола, во Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“ денес престојуваше министерот за здравство Венко Филипче, а во рамките на посетата е ставена во финкција нова SPECT-CT гама камера.
-Во Клиничката болница во Битола е ставена во употреба нова SPECT-CT гама камера за функционални испитувања на бубрези, тироидна жлезда, венска циркулација и испитување на малигни заболувања. Апаратот е добиен од Меѓународната агенција за атомска енергија од Виена, преку Министерството за здравство. Болницата е опремена и со апарати за магнетна резонанца, компјутерска томографија тоа значи дека пациентите кои што имаат потреба од овие испитување нма веќе да треба да патуваат во Скопје. Граѓаните не само од Битола туку и од овој регион ќе ја користи експертизата на лекарите кои што со години работата тука, сега со нов апарат кој што нуди посебен дополнителен квалитет на здравствената услуга, напиша министерот Филипче, по посетата на битолската Клиничка болница.

Во Клиничката болница ставена во употреба нова SPECT-CT гама камера
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Злато за Леа Бошеска и Сара Стојановска, бронза за Леона Алиловска во кик-бокс на “Трофеј на Белград“
- Општина Битола петта година по ред го организира Буџетскиот форум за креирањето на Буџетот, овој пат за 2027
- Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола





