Денес, понеделник, 2 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и особено топло. Од пладне ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен правец (понекаде со над 60 км/час). Температурата во Битола до 40 степени. УВ=9
Утре, вторник, 3 август, во Битола времето ќе биде сончево и особено топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен до северозападен правец. Температурата во Битола до 40 степени. УВ=9






