Поради забраната за движење во шумски предели, денес нема да има верници кај манастирот “Св. Ана“ над село Маловиште кој од страна на мештаните на Маловиште, околните села, како и голем број верници од Битола, денес тоа беше соопштено на прес-конференцијата на отсекот за превенција при СВР Битола, и беше речено:
-Во периодот кој следува, СВР Битола ги потсетува граѓаните дека на сила е и воведената забрана за движење во шумските предели, што е посебно важно пред претстојните празници
(“Св. Ана“ и “Св. Петка“) кои традиционално се поврзуваат со посета на верските објекти кои се наоѓаат во планински места (село Маловишта и село Брусник и сл.), а забраната за движење се однесува и на Националниот парк Пелистер.






