Press "Enter" to skip to content

Ротари клубот “Битола“ одржа јавна трибина “Офицерски дом – проекти за самоодржливост“ (фото)

Во хотелот “Епина“ во Битола, Ротари Клубот Битола одржа јавна трибина на тема „Офицерски дом – проекти за самоодржливост и функционалност“, покрај членовите на ротари клубот гости беа градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, директорите на јавните институции, раководителите на секторите за урбанизам, претставници од НУ Завод и Музеј Битола, архитекти, угостители, ГАУС институт, како и ротаријанци од Ротари Клубот Битола.Уводничарот на трибината претседателот на Ротари клубот “Битола“, Ратко Христов во своето уводно излагање рече дека како млад човек верува дека ништо не е напишано во камен, дека се може да се измени со волја и додаде:

-Трибината има за цел да се фокусира на предложување проекти за изнаоѓање трајно функционално и самоодржувачко решение на една од најмаркантните градби во Битола, Офицерскиот дом. На јавната трибина ќе се фокусираме на иднината, со цел да се предложат можни решенија за враќање на сјајот на Офицерскиот дом. Денес ќе разговараме за можноста што со тој објект да се направи во иднина. Ќе бидат презентирани неколку идеи од Гаус институтот, од проф. д-р Игор Неделковски, од Марија Кривашија, која што изработуваше магистерски труд на темата Офицерски дом.-Општина Битола заедно со Стопанската комора на Македонија бараат дополнителни средства од Фондот за локален и регионален развој за реставрација на Офицерски дом од Битола. Општина Битола има аплицирано за реставрација на Офицерскиот дом и изнаоѓање средства во партнерство со Стопанската комора на Македонија од Фондот за локален и регионален  развој. Првично Офицерскиот дом ќе биде наменет за одржување на културни настани, но конкретната спецификација треба да произлезе од вакви јавни расправи, затоа што тоа е правилен пристап на решавање на проблемот. Ја очекуваме градежната дозвола која што требаше да помине во Министерството за транспорт и врски и после тоа парите да бидат префрлени на општина Битола за да се објави тендер, со што би се започнала всушност реконструкција на кровот на Офицерскиот дом, затоа што сметаме дека тоа е појдовната точка која што треба да биде заштитена оваа градба, рече градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска.На трибината се слушнаа разни предлози Офицерски дома да биде во иднина арт центар, одржување на Интерфест, отворено кино, се со цел да се најде решение за еден од најмаркантните објекти на Широк Сокак, бидејќи изградба на нови времени објекти таму не е можно.-Постоечката ситуација кажува дека дури и предлогот кој општината го имаше претходно дадено односно беше иницијатор за враќање на функцијата на дел од просторот во поставување сала за венчавки не е дозволено согласно постоечкиот елаборат за валоризација на Офицерскиот дом, изјави Мери Стојанова, директор на Завод и музеј Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »