По распишувањето на локалните избори во 2021 година прв битолчанец кој го “скрши мразот“ и започна со собирање на потписи за независен кандидат за градоначалник на Битола, е Зоран Лазаревски – Паљо. Лазаревски согласно предвидените рокови за собирање на потписи, од денес 17 август па се до 30 август, ќе се обиде да ги собере 35о потписи потребни за независен кандидат за градоначалник на Општина Битола.
-Повелете потпишете се да ги собериме потписите, секој со лична карта и со наполнати 18 години. Потписите се берат во шалтерите на Државната Изборна Комисија. Ова е втора голема шанса да ја спасиме Битола. Не ја пропуштајте како првата шанса. Ајде да не ја пропуштаме втората шанса да ги собериме потписите, напиша на “фејсбук“, Зоран Лазаревски.

Зоран Лазаревски – Паљо, прв започна со собирање на потписи за независен кандидат за градоначалник на Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Злато за Леа Бошеска и Сара Стојановска, бронза за Леона Алиловска во кик-бокс на “Трофеј на Белград“
- Општина Битола петта година по ред го организира Буџетскиот форум за креирањето на Буџетот, овој пат за 2027
- Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола





