Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напад кај “Бимбил Камен“ и сообраќајка кај Крстоар

На 19.08.2021 во 23.00 часот во СВР Битола Ј.3.(73) од Битола пријави дека кај место викано „Бимбил камен“ бил физички нападнат од страна на три лица. Се работи на расчистување на случајот.

На 19.08.2021 во 05.40 часот на патот Битола – селп Драгош, кај нас.Воденици, атар на Крстоар, битолско се случила сообрќајна незгода помеѓу патничко возило „шевролет спарк“, со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Н. (48) и товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С. (38). Во незгодата возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во битолската болница. Извршен е увид на местото на незгодата.

More from ВестиMore posts in Вести »