По повод Денот на победата над фашизмот, 9-ти мај, на плоштадот “Магнолија“ и по Широк Сокак во Битола беше организирана манифестацијата “Бесмртен полк“.
Во организацијата на “Бесмртен полк“, покрај нашите студенти на Свавјанскиот универзитет, учествуваа и студентите од нивните партнерски универзитети од Тамбов и Липецк, како и Регионално здружение за македонско – руско пријателство „А. А Ростковски“ и Сојуз на здруженија за македонско-руско пријателство во Република Македонија.
Манифестацијата започна пред просториите на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола каде беше поставена изложбата “Бесмпртниот полк“, потоа се продолжи со дефиле по Широк Сокак се до споменикот на Револуцијата пред Центарот за култура во Битола, каде заедно со другите присутни положија свежо цвеќе.
Манифестацијата беше поддржана од Амбасадата на Руската Федерација во Р. Македонија и од Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола.

По повод Денот на победата одржана манифестацијата “Бесмртен полк“ на Широк Сокак (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Промовирана книгата “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола (фотогалерија)
- „Сите бои на сеќавањето“ ја обединува празничната програма за 4 Ноември во Битола
- СВР Битола: битолчанец платил пари за дограма – не ја добил, девет лица се тепале со тврди предмети и се повредувале
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“





