Press "Enter" to skip to content

Свечено отворен “GT Lounge bar“ на Широк Сокак (фотогалерија)

Битолчани се уште не опоравени од “угостителскиот шок“, кој пред три месеци им го приреди Гоце Талески со отворањето на кафе слаткарницата “ГТ“ наспроти “Веро“, во саботата вечерта имаа прилика да доживеат нов “гастрономски шок“ со отворањето на “GT lounge bar“ на Широк Сокак.

Не само што “GT lounge bar“ на Широк Сокак се наоѓа само еден кат погоре, од кафе-слаткарницата, туку се таму се на едно повисоко ниво, од угостителската опрема, преку услугата, па се до храната која ќе ја нудат на битолчани и нивните гости.

-Се одлучив за “GT Lounge bar“ на Широк сокак, за да го развијам својот бизнис и на сите битолчани и намерниците во овој град да им понудим, јас и мојата екипа, нешто повеќе од секојдневната понуда која ја има во угостителството кај нас. “GT Lounge bar“ на Широк Сокак не е заокружување на мојот бизниз план во оваа бранша. Сега кога веќе оваа работа е завршена, и “GT Lounge bar“ на Широк Сокак се отвори, можам да кажам дека следниот предизвик е отворањето на хотелот, на што веќе работам, вели сопственикот, сега на угостителскиот синџир “ГТ“, Гоце Талески.

За тоа што се ќе бидат послужени во “GT Lounge bar“ на Широк Сокак, синот на Гоце, Благојче Талески додава:

-Во “GT Lounge bar“ на Широк Сокак ќе имаме целодневна понуда. Тоа значи ќе има мени за доручек, за ручек, за дeловни ручеци, а изненадување за битолчани ќе биде вечерното мени, за што ќе зборуваме подоцна, а битолчани ќе можат сето ова да го вкусат веќе од денес.

Главниот готвач е од соседна Грција, од Лерин, но во неготвото готвачко портфолио стои запишано дека до сега во Грција има за десетина ресторани направено мени карта, која е прифатена од гостите. Главниот готвач, кој вработените, на галено го викаат Трајче, иако има аварганден “аутфит“ со необична фризура и брада, е доста скромен. На прашањето што им зготви на битолчани за отворањето, и што ќе им готви од утре, кратко ни рече:

-Не готвам јас, тука сите заедно работиме и се трудиме да биде се во ред. Тука нема главни готвачи, сите сме еден тим кој допрва ќе се докажува.

Сите гости кои беа на свеченото отворање, а ги имаше доста на вториот кат, не го криеја задоволството од тоа што го видоа и вкусија, а “паднаа“ и првите резервации, кој за вторник, кој за среда, како рекоа оние кои веќе резервираа, да се пофалиме и ние со нешто кај гостите.

-Погледнав низ прозорецот и не можам да го скријам задоволството дека тука, во центарот на Битола, по Широк Сокак, накарши “Старата стокова“, каде што на времето имаше една стара продавница за бела техника, сега има ваков модерен ресторан. Многу ми е мило што Гоце, кој е познат и докажан во овој бизнис напредува. Можам, не само јас, туку и останатите, само да му честитаме за се што прави. Јас сум тука три месеци на првиот кат со кафе, а сега наутро ќе бидам и тука, кат погоре, на чорба на сабајле, ни рече еден господин, кој вели, не ви кажувам име, посекако сите ме знаат.

Не само повозрасните кои се присетија на спомени на ова место туку и помладите, на кој им се допадна модерниот стил, најавија дека ќе бидат редовни гости.

-Слушнав дека тука ќе има пици по италијански рецепт, приготвени од италијански производи, или како ние велиме во Битола, со италијанско зајре, а ако верувате едвај чекам. Мислам дека веќе утре ќе ги пробам, а знаејќи, каков е газдата, сигурно ќе бидат превкусни, вели Гордана.

А газдата Гоце сите го знаат, по кафулето “ГТ“ во пазарот, по слаткарниците “ГТ“ на Широк Сокак, по кафето, по чевлите, по ресторанот “Белведере“. Секаде каде бил оставил трага, на која ќе се сеќаваат битолчани, а се надеваме дека ќе биде така и со “GT Lounge bar“ на Широк Сокак.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »