Press "Enter" to skip to content

“Stone bridge” бутик за продолжување на конзулската традиција (фото)

Во ова време кога секаде може да се најде се, ретки се специјализираните продавници низ Битола. Еден од таквите бутици е специјализираниот бутик за мажи “Stone bridge”,кеде можете да се облечете од глава до петици, за секаква пригода, било свечена или модерна дневна варијанта.

Вработените во бутикот љубезно ќе ви помогнат да ја одберете модерната варијанта според вашиот стил и вкус.

Во “Stone bridge” битолчани можат да ја продолжат конзулската традиција за облекување бидејќи тука можат да набават класична машка облека и модерна (тренди) машка облека, која претставува вистински спој на стил и елеганција.

Бутикот “Stone bridge” на битолчани им нуди модерни струкирани машки и класични кошули, костими, палта, блејзери, чевли, вратоврски, пеперутка вратоврски, колани, петлици за ракави за кошули, новчаници, чанти, што значи дека секој наш сограќанин од овој бутик може да излезе “комплетно среден“ за секоја прилика.

Бутикот “Stone bridge” за сите идни битолчани кои ќе “стапнат на лудиот камен“ им нуди комплет свечена облека (костуми, смокинзи, кошули),  чевли и други додатоци, за да им го збогатат најубавиот ден од нивниот живот.

Но, во бутикот за мажи, “Stone bridge”, не се заборавени ниту оние битолчани кои преферерираат “спортски стил“ на облека.

Повеќе  брендови  на џинс-пантолони (фармерки) или пак од модерен  специјализиран  материјал,  машки панталони, комбинирани со спортски кошули, колани и машки блејзери, ќе допринесат битолчани да бидат облечени по најнова мода.

За време на овие студени денови бутикот “Stone bridge” на битолчани и намерниците им нуди палта и класични јакни кои можат да се носат со класична или спортска гардероба, за секоја пригода, на работа, за деловни средби, за дневни и вечерни излегувања.

Во “Stone bridge” може да набавите облека во модерен дизајн, модерни бои, дополнета со сите можни модни детали, модерно стилизирани чевли, а така облечени можете да се појавите на улиците на сите светски модни центри.

Бутикот “Stone bridge”се наоѓа на “Булеварот 1-ви Мај“ кај малото дрвено мовче, во компексот дуќани.

More from БитолаMore posts in Битола »