Press "Enter" to skip to content

Фото вест: бутикот “Какаду“ и оптиката до него “Аура“ за пофалба, со вода и детергент го мијат Широк Сокак

Долго време наназад се пишува и објавуваат фотографии за тоа како Битола е валкана, губре ваму-губре таму, искршено ваму-искршено таму, нема клупи, нема сијалици, автомобили во трева, а ретко се наоѓа нешто за пофалба.  Но, на Широк Сокак во Битола се случи нешто кое сите го пофалија, а примерот да го следат сите еснафи дуќанџии по најпосетената улица.

Имено, вработените во бутикот “Какаду“ и од оприката до неа “Аура“ со вода и детергент ги “изрибаа“ гранитните плочки пре нивните дуќани на Широк Сокак. Пример кој секој треба да го следи, не е којзнае што, можеби и некој друг го прави тоа, но само така ќе бидеме она што сакаме да биде Широк Сокак, најградска улица.

More from ВестиMore posts in Вести »