Ја известуваме јавноста дека РЕК Битола е ставен во функција и продолжува со производство на електрична енергија.
Синоќа во три часот по полноќ Блок 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија.
Продолжуват активностите за ставање во функција и на Блок 2 кој беше во ремонт. Се очекува до крајот на неделата и оваа постројка да биде “на мрежа”.






