Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.126 тестирања, а регистрирани се 524 нови случаи на КОВИД-19, од нив од Битола се 44.
Регистриран e 565 оздравени пациенти од Битола се 34.
До сега во Битола има 8.138 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 630 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа девет лица починале од компликации од ковид-19, едно лице е од Битола на возраст од 75 години.
Досега во земјата се направени вкупно 1.433.550 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209.971, бројот на оздравени пациенти е 194.346, на починати е 7.354, а бројот на активни случаи изнесува 8.271.






