Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 2.911 тестирања, а регистрирани се 493 нови случаи на Ковид-19, од нив во Битола се 53.
Регистрирани сe 532 оздравени пациенти, и тоа од Битола се 44.
Во Битола до сега има 8.236 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 667 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 17 починати лица едно починато лице од Битола на 78 години.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 71 и преку ‘Плодност“ 53 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.439.606 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 210.938, бројот на оздравени пациенти е 195.157, на починати е 7.390, а бројот на активни случаи изнесува 8.391.






