Вечерва како и беше вчера најавено се одржа протест со автомобили против “присилната“ вакцинација за заштита од ковид-19, а беше побарано и целосно укинување на мерките и дискриминирачкиот однос кон граѓаните во секој поглед.
На протестот кој започна на паркингот кај новиот пазар во Битола беа повторени истите ставови дека тие не се против вакцините, бидејќи и самите имаа примено по десетина вакцини и дека се против начинот на вакцинирање. Слободна волја е на секој сам да одлучува дали ќе се вакцинира или не, а не со присила. Односно секој да има време да ги води продобивките или последиците од вакцините и сам да одлучи, но кога за тоа ќе има официјални валидни извештати.
Потоа следуваше и проотест со автомобили низ битолските улици кои заврши на истото место каде и започна.
Протестите продолжуваат и понатаму, а според бројот ова е 20. по ред протест против, како што велат, “присилната“ вакцинација, а го закажаа и новиот на “Магнолија“ во недела во 12 часот.

Протест со автомобили низ Битола против “присилната“ вакцинацијата и рестриктивните мерки (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- 10.000 денари за возачка дозвола, Општина Новаци со поддршка за 27 млади лица до 26 години
- Елена Неделковска, сопственичка на детската градинка “Мали генијалци“ – Битола : за 12 години научивме дека секое дете е различно, не постои една формула која функционира за сите
- СВР Битола: скопјанец возел без возачка, малолетничко насилство, пронајдени стари гранати
- Со јапонска донација реконструиран кровот на ОУ “Св. Климент Охридски“ во Битола
- УКЛО и пријателите со Отворен ден на Факултетот за биотехнички науки – Битола (фотогалерија)





