Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно, попладне и во вечерните часови можен дожд

Денес, петок, 3 декември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен јужен ветер. Попладне и во вечерните часови ќе има локални врнежи од дожд. Температурата во Битола до 13 степени.

Утре, сабота, 4 декември, во Битола времето ќе биде претпладне променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намали. Температурата во Битола до 9 степени.