По направени неколку контроли од стручните служби на КЈП “Водовод“ од Битола, установено е дека водата на потегот Раштани кај Горно Оризари е со не задоволителни параметри за пиење.
Ова се должи на злоупотреба на водоводниот систем и мешање на истиот со стрежевска вода од поединци.
Екипите за контрола се излезени на терен од двете претпријатија “Водовод“ и “Стрежево“.
Се и формираат жителите од потегот Раштани да не ја пијат водата се до откривање на сторителите за што ќе бидат дополнително известени.






