Сопствени средства ЈП “Стрежево” – Битола инвестира во делот на водостопанската инфраструктура, со единствена цел – реализацијата на сите предвидени проекти на кои што работиме за овозможување зголемување на наводнувани површини, намалување на загубите од вода, трајно решавање на проблемите со наводнување и создавање на услови за рентабилно земјоделско производство.
-Во тек е реализација на проект за рехабилитација на главен цевковод СР 11 ( Бистрица – Егри) замена на дотраени цевки фи – 500 mm со нови дуктилни цевки фи – 600 mm на траса од 600м во атарот на село Егри. Со имплементацијата на овој проект и воспоставувањето на примарна инсталација ќе се придонесе да се подобри ефикасноста при користењето на водите, порамномерна распределба на водните ресурси односно ќе се воведе парцијално исклучување во случај на дефект на цевковод со што ќе го добиеме посакуваниот ефект – економичност, користење, функционирање и одржување на хидросистемот “Стрежево”, како и воспоставување на услови за поуспешно стопанисување во целост, вели директорот Менде Граматковски.

ХС “Стрежево“ со инвестиција од 13.000.000 денари во деталната цевководната мрежа
More from ВестиMore posts in Вести »
- 10.000 денари за возачка дозвола, Општина Новаци со поддршка за 27 млади лица до 26 години
- Елена Неделковска, сопственичка на детската градинка “Мали генијалци“ – Битола : за 12 години научивме дека секое дете е различно, не постои една формула која функционира за сите
- СВР Битола: скопјанец возел без возачка, малолетничко насилство, пронајдени стари гранати
- Со јапонска донација реконструиран кровот на ОУ “Св. Климент Охридски“ во Битола
- УКЛО и пријателите со Отворен ден на Факултетот за биотехнички науки – Битола (фотогалерија)





