Со новите именувања кои ги направи градоначалникот на Битола Тони Коњановски, директор на ЈП “Комуналец“ ќе биде Гордана Наумовска.
Наумовска е по замимање агроменаџер, долги години вработена во претпријатието во секторот зеленило и добар познавач на состојбите, а беше во раководниот тим на претријатието кога со него раководеше ВМРО-ДПМНЕ. Таа ќе биде на местото на Панде Богоевски од СДСМ.
Со ЈП “Пазари“ ќе раководи Соња Карапашовска, магистер на економски науки. Карапашова извршуваше советничка функција пред 4 години. Карапашовска е професор во Средното економско училиште “Јане Сандански“ во Битола. Таа ќе го замени Владе Атанасовски од ЛДП.
Во најновото јавното претријатие кое стопанисува со паркинзите нов раководител ќе биде Горан Степановски, економист. Степановски беше советник во изминатиот мандат на Советот на Општина Битола. Степановски доаѓа на местото на Зоран Дојчиновски од СДСМ.

Гордана Наумовска ќе раководи со “Комуналец“, Соња Карапашовска со “Пазари“, Горан Степановски со “Паркинзи“
More from ВестиMore posts in Вести »
- 10.000 денари за возачка дозвола, Општина Новаци со поддршка за 27 млади лица до 26 години
- Елена Неделковска, сопственичка на детската градинка “Мали генијалци“ – Битола : за 12 години научивме дека секое дете е различно, не постои една формула која функционира за сите
- СВР Битола: скопјанец возел без возачка, малолетничко насилство, пронајдени стари гранати
- Со јапонска донација реконструиран кровот на ОУ “Св. Климент Охридски“ во Битола
- УКЛО и пријателите со Отворен ден на Факултетот за биотехнички науки – Битола (фотогалерија)





