Направени се 2.831 тестирања, а регистрирани се 298 нови случаи на КОВИД-19, од нив од Битола се 14.
Регистрирани сe 335 оздравени пациенти од Битола се 25.
Во Битола до сега има 9.023 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 435 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица нема од Битола.
Направени се преку: ЦЈЗ Битола 75 и преку “Плодност“ 40 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.512.496 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.467, бројот на оздравени пациенти е 207.238, на починати е 7.778, а бројот на активни случаи изнесува 5.451.






