Press "Enter" to skip to content

Наградени двајца “рековци“ со најголем работен стаж по повод 34 години работа на “Блок 2“

Својата работна посета Драган Миновски, генерален директор на АД ЕЛЕМ ја започна со работна средба со генералниот директор на РЕК “Битола“, Васко Ковачевски и двајцата најстари работници кои имаат најголем работен сраж во Компанијата.

Стојан Ристевски вработен во 1979 и на Љупчо Василевски, вработен во 1980 се двајцата најстари работници
и со најголем стаж вработени во фирмата, на кои денес добија пригодни подароци, по повод одбележувањето на 34 години од почетокот со работа на Блок 2 на РЕК “Битола“.

Двајцата вработени се потсетија на почетокот и стартот со работа на Блок 2, а директорот на АД “ЕЛЕМ“ истакна тоа дека сите работници се заслужни на растот на Компанијата и дека тие работат и по насуровите временски услови, без разлика дали се температурите +40 или -20 степени, целзиусови.

More from ВестиMore posts in Вести »