“Сумнал“ здружението за развој на ромската заедница во Битола организираа предавање на тема “Да, депресијата се лечи!“, а предавањето го одржа проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска.
-Предавањето „Да, депресијата се лечи!“ цели да ја зголеми свеста за депресијата, особено во ромската популација. Сакаме да им доловиме на луѓето кои немаат предзнаење за депресијата, дека тоа е болест како секоја друга, дека се лечи, дека има многу можности да се подобри животот и да се спречи страдањето. Присутните беа запознаени со начинот како депресијата се манифестира, нејзините форми, како луѓето се чувствуваат, како се лекува и како можеме да им помогнеме. Се надеваме дека ќе помогнеме да се разбијат предрасудите и невистините кои кружат во народот за депресијата, вели Фарма Барјам Аземовска.

“Сумнал“ организира предавање на тема “Да, депресијата се лечи!“
More from ВестиMore posts in Вести »
- 9 години “Bitola news“ – објавени повеќе од 32.000 текстови и 200.000 фотографии за битолчани и Битола
- Во Битола променливо облачно, температурата до 23 степени
- Фото на денот: кај безистенот, 8,30 часот, 15 степени
- 10.000 денари за возачка дозвола, Општина Новаци со поддршка за 27 млади лица до 26 години
- Елена Неделковска, сопственичка на детската градинка “Мали генијалци“ – Битола : за 12 години научивме дека секое дете е различно, не постои една формула која функционира за сите





