Press "Enter" to skip to content

Лихвар дал на заем 1.000, зел 1.200 евра, а СВР Битола му поднесе кривична

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Л. (27) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “лихварство“.

Во текот на март 2018 година пријавениот му позајмил 60.000 денари на К.М. (66) од Битола.

Во рок од еден месец тој требал да му врати 72.000 денари.

На 20.04.2018 година во својот дом во Битола К.М. му го исплатил наведениот износ на пријавениот.

More from ВестиMore posts in Вести »