Директорот на АД “ЕЛЕМ“, Драган Миновски по доделување на наградите на двајцата работници со најголем работен стаж во Комбинатот и по одржувањето на официјалната прес-конференција, на која тој и генералниот директор на РЕК “Битола“, Васко Ковачевски, заедно со целиот раководен тим на Комбинатот се упати во обиколка на Термоелектраната во која се сместени трите блока за производство за електрична енергија.

Миновски од страна на Ковачевски и неговиот раководен тим и од одговорните инженери за извршување на ремонтните активности на блоковите 2 и 3 беше детално информиран за текот на начинот на ремонтот, а посебно се информира за ремонтот на турбината.

По завршувањето на обиколката во “термото“ Миновски ја посети и блок-командата каде се задржа во разговор со вработените кои беа таму на своите работни места.

Потоа Миновски и Ковачевски ги поканија фоторепортерите и снимателите на една од највисоките места на Термоелектраната на РЕК “Битола“, “Кота 49“, што ние веднаш ја прифативме и со полна работна заштитна облека отидовме таму.

На “Кота 49“ како популарно се вика местото од каде најдобро се гледа големата “депонија“ за јаглен Миновски беше информиран дека таму има складирани 280.000 тони откопан јаглен за безбедна и сигурна работа на Комбинатот.

Својата обиколка Миновски ја заврши кај “млиновите“ за јаглен кои исто така подлежат на ремонтни активности.
Текст и фото: Сашо Ристевски






