Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.511 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19, од нив од Битола се 25.
Регистрирани сe 311 оздравени пациенти од Битола се 23.
До сега во Битола има 9.135 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 373 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица, нема од Битола. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, едно од Битола на возраст од 1 година.
Досега во земјата се направени вкупно 1.565.599 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.666, бројот на оздравени пациенти е 209.602, на починати е 7.879, а бројот на активни случаи изнесува 5.185.






