Учениците од ОУ “Стив Наумов“-Битола учествуваа на Втора мобилност во Полска во рамките на проект “Еразмус +“, која се реализира во рамките на проектот “Зелени училишта за одржлива иднина“, а на оваа мобилност и претходеше мобилноста на островот Крф, Грција, која се реализираше во февруари оваа година.
-Во текот на мобилноста во Полска, нашите ученици реализираа заеднички активности со ученици од Италија, Португалија, Романија, Грција и Полска, кои беа организирани од страна на училиштето домаќин во местото Псари, Полска. Нашите ученици се претставија со презентација на тема: Загадување на воздух и дигитално туристичко видео за Македонија, ни рекоа по враќањето од Полска.

Од мобилноста во Полска учениците и наставниците понесоа прекрасни и незаборавни искуства и спомени од заедничката соработка, прошетки и дружење, кои ќе претставуваат добар почеток за успешно реализирање на мобилноста која треба да се реализира следната година во месец март, кај нас во Битола.
Проектот во Полска го преставија учениците Дарија Марковска, Марија Цветановска и Зорица Симјановска, наставниците: Силвана Ристевска-координатор на проектот, Ана Динковска-Божиновска и Александар Димитров и директорката д-р Дијана Христовска.






