Press "Enter" to skip to content

КЈП “Водовод“ домаќин на здружението на комуналните претпријатија од државата (фото)

Во ресторанот “Вила Виста“ денес се одржа состанок на Управниот одбор на АДКОМ, во кој членуваат повеќе од 80 јавни комунални претријатија од државата. Домаќин им беше КЈП “Водовод“ од Битола, а на маса беа стевени нивните заеднички проблеми и изнаоѓање решенија за нивно надминување.

На состанокот беа присутни покрај директорот на “Водовод“ -домаќинот Горан Козаров, и Панде Богоевски – директор на ЈП “Комуналец“, Александар Касапов – директор на “Пазари“ и Методија Силјановски директор на “Нискоградба“.

Домаќинот на денешната средба, Горан Козаров, дирекор на ЈКП „Водовод“ нагласи дека целта на средбата е заедно да најдеме решенија и да ги надминеме проблемите со кои се соочуваме во процесот на работа на јавните комунални претпријатија.

Претседателот на УО на АДКОМ, здружение на сите јавни комунални претпријатија од државата, Зоран Георгиев, рече дека дивите депониите се голем проблем, како и и законската регулатива, при што нагласи:

-Јас не сум приврзаник на репресивни мерки, а тие треба да се спроведуваат кога загадувањето се прави намерно или пак станува збор за загадување од повисок степен, а институциите треба да посветат поголемо внимание во кампањи за подигнување на јавната свест како кај граѓаните така и кај правните субјекти, а агресивни кампањи кои ќе ги спроведуваат општините, јавните комунални претпријатија и надлежните министерства и додаде:

-Колку и да е добро јавното претпријатие, колку добро да функционира и и да е опремено, ако ние граѓаните не водиме доволно сметка, никогаш нема да имаме чиста животна средина. Јавните комунални претпријатија се во директна врска со животот на граѓаните, почнувајќи од јавната чистота, снабдувањето со вода, па до третман на отпадните води… а за проблемите, здружение АДКОМ, нуди предлози и ги доставува до владините институции и надлежните министерства, со цел поквалитетен живот за граѓаните.

More from ВестиMore posts in Вести »