Денес започна голема хуманитарна акција на “Бадниковите поворки“ која е насловена “Црвен тепих на хуманоста“, на “Магнолија“ во Битола, а битолчани и битолските компании ќе можат да донираат од 10 до 17 часот.
-Оваа година за прв пат го поставуваме црвениот тепих во Битола, на плоштадот “Магнолија“ каде битолчани и фирмите од Битола, денес, утре-вторник и среда ќе имаат прилика да донираат храна, која за денот на Христовото раѓање ќе биде донирана на десетици семејства од ранливите категории, вели еден од организаторите на оваа акција и на “Бадниковите поворки“, Кире Божиновски, кој додава:
-Сакам во мое име и во име на сите кои се дел од акцијата, но и од име на сите кои ќе донираат да искажам благодарност до Бигорската Обител, која ја изработи божикната пештера и да донесе во Битола.
Битолчани можат да донираат нерасиплива храна, со подолг рок на траење и се она што може да израдува дете и возрасен за најубавиот и најголем христијански празник, Божик.
Слава тебе Богородице,
благодатна Марија,
која го роди спасителот на нашите души,
свет, свет си, пресвет Господи!






