Денес, петок, 7 јануар, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно облачно и постудено, кон крајот на денот и во текот на ноќта дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 6 степени.
Утре, сабота, 8 јануар, во Битола времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд. Температурата во Битола до 7 степени.






