Press "Enter" to skip to content

Земјотресот предизвика паника во Битола, епицентарот кај Лерин, Грција, јачина 5,5 степени по Рихтер

Во 22 часот и 43 минути во Битола се почуствува силен земјотрес, кој имаше епицентар кај Лерин во Грција, а првиот земјотрес имаше јачина од  5,5 степени според Рихтер, а потоа следуваа уште два помали, со интензитет од 3,5 и 4,2 степени според Рихтер.

Земјотресот направи паника во Битола, посебно во зградите за колективни живеење, во Нова Битола, каде сите се изчезени надвор и кај сите се чуствува страв.

Во делови од Битола, на улицата “Иван Милутиновиќ“ нема електрична енергија.

Битолчани кои живеат во зградите велат дека ноќва ќе ја поминат кај роднини и пријатели кои живеат во куќи или во домовите.

Во периодот од земјотресот до полноќ имаше голем интензитет на сообраќај низ градот.

More from ВестиMore posts in Вести »