Мандатарот Димитар Ковачевски по добивање на мандатот за формирање Влада од претседателот Пендаровки, ги соопшти имињата на новите министри, а меѓу нив е Бисера Костадиновска- Стојчевска, пратеничката на СДСМ од Битола, која во идниот владин состав ќе го води министерството за култура.
Ковачевски при претставувањето на новиот кабинет за неа рече:
-Бисера Костадиновска- Стојчевска, актуелен пратеник, доктор на науки, поранешен продекан на Педагошкиот факултет во Битола, ќе биде министер за култура.
Бисера Костадиновска- Стојчевска е еден од петте потпретседателот на СДСМ, а на таа функција е избрана на последниот Централен одбор на партијата.






