Денес, недела, 16 јануар, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 5 степени.
Утре, понеделник, 17 јануар, во Битола, времето ќе биде сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд и снег. Температурата во Битола до 5 степени.






