Press "Enter" to skip to content

Вино-бар “Буре“ денес во знак на Денот на младоста – 25 мај и пионери со титовки (фотогалерија)

Денес, 25 мај убав ден. Во вино „Буре бар“ интересен амбиент со голема слика од маршалот Тито. Знамиња од СФРЈ се веат, наоколу пионери со црвени марами и титовки ги служат гостите во кафулето. Се слуша музика „Друже Тито ми ти се кунемо“.

За миг како да се наоѓаме во 70/80 години во бивша Југославија и како да ми се враќаат моменти и слики од детсвото кога се славеше Денот на младоста и штафета која носи преубави желби и честитки за другарот Тито од младината, титовите пионери беа насекаде со црвена марама, сина титовка и бела кошула, што го симболизираше знамето на СФРЈ.

-Овој ден ми е останат во сеќавање како ден на младоста и радоста кога се развиваше духот на младината. Познатиот слоган “Оној кој има ваква младина не треба да се грижи за иднината“ длабоко ми е врежан во сеќавањата, ни вели сопоственикот на “Буре бар“, Михајло Симоновски, познат како Мичо и продолжува:

-Како да се вратив во детството на прекрасено време во мај и се е убаво. Сите во кафулето сакавме денес да го доловиме духот на тоа време кога моралот беше навистина висок кај сите, посебно кај младите. За целиот амбиент сигурно допринесе и музиката од тој период за која беше задолжен ди-џеј “Иле Косата“. Звуците на познатата “Земјо моја“ од Исмета Крвавац потполно ги освоија сите во локалот. Помладите беа исто воодушевени од целиот амбиент кој им беше интересен, а за тој период од нашата историја учеле и слушале од своите родители кои сигурно со носталгија се сеќаваат на тоа време.

-Во план беше и штафета на младоста која беше планирано да тргне од кај фонтаната од кај “Јагода“ и да продолжи по Широк Сокак ама другата година сигурно ќе ја има ни вели Мичо.

Сигурно целата оваа приказна кај сите предизвика сеќавања на посебни моменти од минатото кај секого на свој посебен начин.

Добро би било да се продолжи оваа традиција бидејќи секогаш кога се враќаме во детството со мислите и сеќавањата добро е за нашата психа и ментално здравје велат психотерапеутите.

Ж.Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »