-Како што народот вели, историјата се повторува, а кога се зборува за спортот во Битола тоа во фудбалот многу пати се потврди. И овој пат во Битола се враќа Марјан Секуловски, кој како и пред 10 години, во 2012 ги започна подготовките на фудбалерите на Пелистер, на помошниот терен кај печатницата, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Пред 10 години, тренерот на Пелистер, Марјан Секуловски ги започна подготовките на Пелистер со една цел, да се вратат во Првата лига, а годинава, по десет години, Мане има нова мисија, да се обиде да го остави Пелистер прволигаш.
Тогаш имаше силна екипа во борбата за пласман во Првата фудбалска лига, каде е му е местото на Пелистер, а сега со неколку засилувања ќе се обиде да останат прволигаши.
И пред 10 години подготовките започнаа на минусни, сибирски, температури како и годинава, а ние да им посакаме да фубалерите кои и сега тренираат на минусни температури да ја остварат целта, за која и самите кажаа дека ќе биде многу тешко.

Деновиве пред 10 години: и пред 10 години Мане на -20 степени ги започна подготовките на ФК Пелистер (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Зоран Стојчевски е назначен за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026
- Општина Битола: јавен повик за проекти за млади
- Одбележани 25 години од масакрот кај Вејце каде загинаа четворица битолчани (фотогалерија)
- “Идеатон“ натпревар на идеи за сообраќајно инженерство и графички дизајн во рамки на 65 години Технички факултет – Битола (фотогалерија)










