Press "Enter" to skip to content

Роденденско изненадување од ски-центарот за Димче-Папиро, 88 години, највозрасен активен скијач во Битола (фотогалерија)

Со “угаснат“ ски-лифт, аплаузи, песна, роденденска торта и шампањ, на ски-патеката “Ниже Поле“, му беше честитан 88 роденден на Димче Стојановски – Папиро, највозрасниот активен скијач во Битола, а можеби во Македонија.Сето го осмислија и реализираа вработените во ски-центарот “Стрежево“, а во честитките им се приклучија и сите кои скијаа денес на “Чука“.За ова изненадување кое му го приредија раководителот на ски-центарот, Горан Марковски рече:-Сакам во мое име и во име на сите вработени во ски-центарот и ЈП “Стрежево“ да му честитам роденденот на чичко Димче, наш највозрасен скијач, кој секој ден е тука со нас на патеката. Ме радува што покрај нас на прославата се приклучија и сите кои скијаа денес на патеката, а на Димче сакам да му посакам и во наредните години да биде со нас.Димче Папиро, кој е дел од семејството “Папировци“ кои имаа дуќани за чанти во Старата Чаршија во Битола, битолчани го познаваат и како голем музички уметник, кој за време на својот работен стаж беше и директор на Средното музичко училиште во Битола. За ова, како рече изненадување рече:-Ме израдуваа во секој случај, а на сите кои беа дел од прославата сакам да им се заблагодарам, а на скијачите кои се тука секој ден сакам да им посакам и тие да го доживеат ова, да бидат долговечни и активни скијачи, а за долговечноста, односно рецептот да се остари здраво додаде:-Никој од младите да не не пуши тоа е премногу штетно, да не се пијанчат и да бидат што можат повеќе на чист воздух, на планина, и лето и зима. Да скијаат или да рекреираат. Ако ова го прават, ќе ги најде моето, и на близу 90 години да скијаат и нив ќе им приредуваат вакви прослави.Димче – Папиро и кога наздравуваше со шампањ само додаде, за мене што можи помалку, а вработените во ски-центарот со топла ракија и шампањ ги послужија сите скијачи.-Сакам да му го честитам роденденот на мојот пријател Димче – Папиро и да му посакам тука да го славиме 100 роденден. Тој е тука којзнае колку години, а на оваа патека уште од отворањето, рече Илија Белџигеровски, доајен на скијањето во Битола и ски учител. За Димче годините се само бројка, тој е инспирација за многу луѓе и навистина е среќен што успеал да ги види задоволствата и убавините што планините со снег му го овозможиле.Димче дел од својот живот помина во Њујорк, САД, а како денес ни рече како член на скијачите ветерани таму во 85 година и се натпреварувал.

Текст и фото: Саашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »